Франција ќе дели таблети со јод на 2,2 милиони луѓе кои живеат покрај нуклеарки

Франција бесплатно ќе дели таблети со јод на 2,2 милиони луѓе кои живеат во близина на нуклеарни централи.

Целта е подобро да се заштитат граѓаните во случај на несреќа. Покрај тоа, нуклеарниот регулатор на земјата АСН објави дека безбедносната зона околу АЕЦ се шири.

Досега за потенцијално загрозена се сметаше областа на 10 километри од електроцентралите, а сега се протега на 20 километри од 19-те електрани во земјата.

Сите оние кои живеат во овие области, како и речиси 200.000 институции, вклучително и училишта, ќе добијат писмо во наредните денови од каде да земаат таблети со јод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.