Франција ќе го исклучува јавното осветлување

Paris, France - February 21, 2014: The Eiffel tower at night seen from the Trocadero square in Paris, France, at February 21, 2014

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика владата и граѓаните да се подготват за целосно запирање на испораките на рускиот природен гас, ограничувајќи ја употребата на енергија секогаш кога е можно.

„Треба да се подготвиме за сценариото без целиот руски гас“, рече тој, говорејќи во телевизиско интервју по повод Денот на Бастилја.
„Летото, раната есен ќе биде многу тешко“, предупреди францускиот претседател, осврнувајќи се на вртоглавите трошоци за енергија.

Тој ѝ наложи на владата да подготви „план за трезвеност“ за зачувување на енергијата, кој ќе започне со исклучување на јавните светла ноќе кога тие не се корисни.

Франција ќе продолжи да бара диверзификација на изворите на гас, рече Макрон, повикувајќи на побрза промена кон морските фарми со ветерници и поголема европска прекугранична енергетска соработка за надминување на тековната криза.

Франција е помалку зависна од рускиот гас отколку некои од нејзините европски соседи. Таа добива околу 17% од вкупниот увоз на гас од Москва.

Сепак, расте загриженоста за зимскиот недостиг, бидејќи нацијата се бори со веќе ограниченото производство на електрична енергија поради неочекуваното одржување на нејзините застарени нуклеарни реактори.