Франција ќе ѝ ги испорача ветените борбени авиони „Mirage“ на Украина во првиот квартал од 2025 година, изјави во вторникот францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну.
Лекорну рече дека авионите во моментов се опремени со нова опрема, вклучително и за изведување воздушни напади и електронска одбранбена опрема за да се спротивстават на руските сигнали за попречување. Додаде дека обуката на украинските пилоти и механичари во Франција ќе продолжи.
Лекорну не го прецизираше бројот на авиони „Mirage“ кои Франција и другите земји планираат да ги испратат во Украина како дел од заедничката иницијатива.
Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе испрати авиони во Украина на почетокот на јуни, која се брани од руска инвазија од февруари 2022 година, откако порача дека на украинскиот фронт ќе испраи француски специјалци и ги повика европските сојузници да го следат, за што беше жестокот критикуван. Оваа најава, исто така, доаѓа откако неодамна Макрон повика на почнување преговори за постигнување мир во Украина.
Борбените авиони „Mirage 2000-5“ се првенствено дизајнирани за одбрана на воздушниот простор и можат да бидат опремени со француско-британски навеувани ракети, кои веќе ѝ се испорачани во Украина.
Француските воздухопловни сили планираат да ги повлечат овие борбени авиони до 2030 година и да ги заменат со модерни авиони „Rafalle“. Поседуваат 40 летала „Mirage 2000-5“ и тој тип авиони е веќе извезен во други земји.