Франција ги повика САД да престанат да го наметнуваат своето оружје на членките на НАТО

Министерката за одбрана на Франција, Флоранс Парли

Сосединетите држави не треба да ги обврзуваат земјите членки на НАТО да купуват нивно вооружување, изјави француската министерка за одбрана Флоранс Парли во интервју за неделникот Journal du Dimanche.

„Не можеме да дозволиме под притисок на Вашингтон претворање на членот пет од Повелбата за НАТО, кога ги обврзува земјите членки на алијансата да ја одржуваат солидарноста, во член F-35, кој ги би присилувал да купат американско оружје“, вели француската министерка за одбрана.

Признавајќи дека САД се важен актер во НАТО, Парли истакнува дека американскиот претседател Доналд Трамп самиот ги повикува европските земји да ја преземат одговорноста за нивната безбедност.

Притоа истакнува дека Европа „нема воени механизми коишто би биле во согласност со нејзината економска и политичка моќ“. Според Парли, градењето независна суверена позиција не е брз процес. Сепак, тоа не треба да ги стави членките на ЕУ пред изборот меѓу суверена Европа и Трансатлантската алијанса. Напротив, тие треба меѓусебно да се зајакнуваат, додава.

Францускиот претседател Емануел Макрон во контроверзниот разговорот од 7-ми ноември за британскиот магазин The Economist предупреди дека Европа не може повеќе да се потпира на САД и дека треба да ја преземе безбедноста на континентот во свои раце.

Иако францускиот претседател веќе подолго време ја повикува Европа да почне да се смета себеси за „автономна суверена сила“, а неговата дијагноза за „клиничката смрт“ на НАТО кој прославува 70 години од основањето, предизвика низа реакции. Германската канцеларка Ангела Меркел, на пример, ја оцени како „предрастична“. Но 41-годишниот Макрон смета дека ваквите изјави се неопходни за да ја протресат Европа од нејзината дремка пред самитот на НАТО кој на 4-ти декември ќе се одржи во Лондон.