Франција ги повлекува своите единици од Ирак

Франција ќе ги повлече своите единции од Ирак, каде што се распоредени во мисија за обука, објави ноќта кон четвртокот генералштабот на француската армија, објаснувајќи ја оваа одлука со пандемијата од коронавирусот.

На границата со Иран, каде што коронавирусот однесе веќе 1.700 животи, Ирак од неделата воведе исклучително строги мерки во справувањето со епидемијата. Здравствените власти во Багдад во средата објавија дека во областа е потврдена заразата кај 233 Ирачани, од кои досега починале 20 луѓе.

Повлeкувањето на францускиот контингент од ова блискоисточна земја го потврди и командата на ирачката војска.

„Во соработка со ирачката влада, коалицијата (за борба притив Исламската дражва) одлучи да го пролагоди своето присуство во Ирак и привремено да ја прекине обуката на ирачките безбедносни сили. Особено имајќи ја предвид здравствената криза, Франција одлучи да го повлече персоналот ангажиран во операцијата ‘Шамал’ (францускиот дел од меѓународната операција во Ирак – з.р.)“, се наведува во соопштението на француската команда.

Станува збор за близу 200 француски војници. Нивното повлекување во татковината започнува веднаш во четвртокот. Велика Британија и Чешка, исто така, најавија делумно или целосно повлекување на своите сили од Ирак.

Откако во воена операција на САД во јануари во Багдад беше убиени влијателниот ирански командант Касим Сулејмани, што предизвика големи тензии на раб од директен воен судир до Иран, ирачкиот парламент изгласа резолуција за повлеквуање на сите странски сили од Ирак, во прв ред на 5.200 американски војници.