Франција и Германија ќе ја поддржуваат Украина додека биде потребно

France's President Emmanuel Macron delivers a speech during a ceremony to mark the 60th anniversary of the signing of the Elysee Treaty, to seal reconciliation between France and West Germany, 18 years after the Second World War at the Sorbonne university's Grand Amphitheatre in Paris on January 22, 2023. The date of the reunion is highly symbolic: sixty years to the day after Charles de Gaulle and Konrad Adenauer signed the Elysee Treaty, which "marked the end of decades, if not centuries, of fierce rivalries and bloody wars", write the two leaders in an op-ed published by the German daily Frankfurter Allgemeine Zeitung and the French Journal du dimanche. (Photo by Christophe Ena / POOL / AFP)

Франција и Германија ќе поддржуваат Украина во војната против агресијата од Русија „непоколебливо и сѐ додека биде потребно“, ветија во неделата францускиот претседател Еманиел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Ќе продолжиме на Украина да ѝ ја пружаме целата потребна поддршка, колку долго и да е потребно. Заедно, како Европејци, за да го одбраниме европскиот мировен проект“, изјави Шолц на свеченоста на парискиот универзитет Сорбона по повод 60-годишнитена од договорот за поминување меѓу Германија и Франција.

Макрон на говорницата се појави по поранешната канцеларка Ангела Меркел која минатиот месец призна дека договорите од Минск од 2014-та и 2015-та за мир меѓу прозападните власти дојдени со превратот во Киев и проруските бунтовници од југоисточниот регион Донбас а на кој гаранции беа и Германија и Франција, призна дека тие биле со цел само на Украина да ѝ се даде време да ја подготви својата војска да ги заземе отцепените доминантно руски региони Доњецк и Луганск.

Францускиот претседател повторно потврдил дека постои „непоколеблива поддршка на двете земји за украинскиот народ на сите полиња….“, како и дека „по 24-ти февруари нашата унија не се делеше, ниту ја избегнуваше својата одговорност“.

Целта на свеченоста на Сорбона е да го покаже „повторно откриеното единство“ меѓу двете земји чиишто меѓусебни односи последните месеци ослабеа, по разни прашања, како и во однос на ситуацијата во самата Европска унија, така и по некои прашања о врска со односот на војната во Украина, иако Макрон и Шолц беа последните европски и западни челници кои одржуваа директни контакти со рускиот претседател Владимир Путин.

„Иднината, токму како и минатото, зависи од соработката на нашите две земји, која е како локомотива на обединувањето на Европа“, рече Меркел, опишувајќи го „француско-германскиот мотор како компромисна машина“, која овозможува „контроверзиите и различните интереси да се претворат во дејствувањето кое тежи кон иста цел“.

Датумот на овој настан е многу симболичен, 60 години откако историските челници на двете земји Шарл де Гол и Конрад Аденауер го потпишаа ткн Елисејски договор „темелниот акт за помирување на двете земји кои беа најжестоките непријатели, но одлучија да бидат најблиските сојузници“, како што истакна Макрин.

Двете големи и влијателни европски земји најавуваат нова фаза во меѓусебните односи, иако постои одреден степен недоразбирања откако Олаф Шолц ја наследи долгогодишната канцеларка Ангела Меркел кон крајот на 2021 година.