Франција и Русија ги погребуваат жртвите 200 години по поразот на Наполеон

Посмртните останки на француските и руските војници кои загинале во трагичното повлекување на францускиот император Наполеон од пред Москва во 1812 година се погребани во сабота во Русија.

Во церемонијата одржана недалеку од рускиот западен град Смоленск се погребани останките на 126 лица кои загинале во една од најкрвавите бутки во обидот на Наполеон да ја освои Русија. Франција инаку оваа година пролетта ќе ја одбележи 200-годишнината од смртта на Наполеон.

Погребната церемонија се одржа во Вјазма, град 200 километри западно од Москва, а присуствуваа потомците на руските и француските офицери од XIX век. На церемонијата меѓу почесните гости беа најавени и претставници на принцовскиот род Мјура, потомци на наполеоновиот маршал, Јоахим Мјура (Жоашен Мјура), и на Императорискиот дом на Романови.

Посмртните останки на 120 војници, три жени и тројца адолесценти се пронајдени во масовна гробница во 2019 година. Ја открија во заедничка работа француски и руски археолози. Ископувањата ги водеше Пјер Малиновски, шеф на Фондацијата за развојо на руско-француските историски иницијативи, која одржува добри односи со Кремљ.

Трите жени веројатно им пружале прва помош на француските војници и готвеле, додека момчињата веројатно биле барабанџии. Се верува дека загинале во текот на битката за Вјазма на 3-ти ноември 1812 година на почетокот од повлекувањето на француската војска од под Москва и пред стравичното преминување на реката Бререзина на територијата на денешна Белорусија.

Церемонијата, со кореографија од стотина лица облечени во униформира од тој период, претставува редок пример на заедништво меѓу Русија и Европа во време на затегнатите тензии поради низа прашања. Но, претходно седмицата од Кремљ потврдија дека рускиот претседател Владимир Путин сѐ уште не добил покана од својот француски колега по должност Емануел Макрон за присуство на церемонијата по повод 200-годишнината од смртта на Наполеон која пролетва ќе се одржи во Франција.

 

Знак на помирување

„Директните потомци на главните учесници на судирот се собираат тука во знак на помирување за да им оддадат почит на француските и руските војници коима нивните претци им командувале пред повеќе од 200 години“, изјави Малиновски за AFP.

Јулија Хирова, потомка на рускиот фелдмаршал Михаил Кутузов, кој се смета за национален херој бидејќи ја одбил инвазијата на Наопелон, додава „Смртта ги направи еднакви: сите сега се во една гробница“.

Принцот Јоахим Мјура, потомокот на истоимениот еден од најпознати маршали на Наполеон, оцени дека церемонијата претставува „симбол на заемното почитување“ на некогаш завојуваните страни.

Масовната гробница инаку е откриена во текот на градежни работи. Првично се сметало дека е уште една од многуте гробници од Втората светска војна. Меѓутоа, истражувањата на Руската академија на науките подоцна покажале дека станува збор за посмртни останки од периодот на Наполеоновата инвазија, повеќето на возраст од 30-ина години во времето на смртта, изјави антропологот Татјана Шведшикова.

Александар Хохлов, шеф на археолошката екипа, рекол дека октивањето на металните копчиња од воените униформи помогнало да се утврдат дека некои од жртвите служеле во 30-от и 55-от полк на линиската пешадија на франциската војска и на 24-от полк на лесната пешадија.