Франција казнета од УЕФА заради пропуст со албанската химна

Европската фудбалска унија, УЕФА, парично ја казни француската фудбалска федерација, бидејќи пред мечот со Албанија, беше пуштена погрешна химна. Казната која ја одреди УЕФА е 20.000 евра.

Наместо албанската, на разгласот на стадионот во Париз се интонираше химната на Андора, а дека Французите се скарани со географија, покажа и тоа дека откако сфатија дека погрешиле, спикерот јавно им се извини на навивачите од Ерменија?!

Средбата почна со десетминутно доцнење, додека организаторите конечно да ја најдат вистинската химна. После натпреварот, и претседателот Емануел Макрон им се извини на гостите за непријатноста.