Франција кончено победи, триумф над Бразил на ОИ

По двата порази во првиот четири кола, женската ракометна репрезентација на Франција победи кога најмногу требаше и се квалификува во четвртфиналето на Летните Олимписки Игри во Токио.

Во претпладневното дерби од последното петто коло Франција убедливо ја совлада бразилската репрезентација со 29-22 (17-11).

Најефикасни во францускиот табор беа Ласурс и Пино со по четири гола, а кај Бразилките се истекнаа До Насименто со шест и Де Паула и Кардозо со по четири погодоци.

Олимпискиот победник од Рио Де Жанеиро, руската селекција, водена од новиот селектор Алексеев, запиша трета победа во пет натпревари и како второпласирана од групата Б, веднаш зад Шведска патува во нокаут фазата. Во последниот дуел „зборнаја“ ја совлада Шпанија со 34-31 (18-17). Овој пораз значи дека Шпанките мора да чекаат расплет и да навиваат за Шведска против Унгарија за да играат четвртфинале. Нивни противник во тој случај ќе биде Норвешка, а од дуелот Холандија – Црна Гора ќе произлезе противникот на Русинките.

Виахирева со седум и Дмитриева со пет гола беа најефикасни во рускиот табор, а Пена и Лопез со по шест погодоци се истакнаа во таборот на „фуријата“.

Јужна Кореја и Ангола одиграа 31-31, но и со ова реми азиската селекција ќе ги продолжи натпреварите во четвртфиналето.