Франција е склона да верува дека левичарските екстремисти стојат зад минатонеделната саботажа на железничката мрежа SNCF во земјата, што се совпадна со церемонијата на отворање на Олимпијадата, рече министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен.
Саботери ја нападнаа француската мрежа за брзи возови пред мугрите во петокот и ги оштетија сигналните трафостаници и каблите на клучните локации, предизвикувајќи сообраќаен хаос неколку часа пред почетокот на церемонијата на отворање.
„Идентификувавме профили на неколку луѓе“, изјави Дарманен за телевизискатта станица Frence 2.
Додаде дека начинот на работа на саботерите ги носи карактеристиките на крајно левичарските екстремисти, без да даде други информации.
Сите возови се вратија во употреба до понеделник наутро, откако тимовите работеа деноноќно во текот на викендот за да ја санираат штетата, изјави министерот за транспорт Патрис Вергриете за радиото RTL.
Вкупно 800.000 луѓе се соочија со проблеми со патувањето поради нападите, вклучително и 100.000 луѓе чии возови мораа да бидат откажани, рече тој, додавајќи дека трошоците за државниот железнички оператор SNCF може да бидат значителни.
Слична саботажа со сечење на каблите од железничката инфраструктура во октомври 2022 година беше парализиран железничкиот сообраќај во северна Германија.