Франција надмина 20.000 починати од коронавирусот

Франција во понеделникот го надмина прагот од 20.000 починати како последица на инфекцијата со новиот тип коронавирус, со новите 547 смртни исходи забележани од неделата, но бројот на пациентите на одделите за интензивна нега продолжува полека да паѓа.

„Вечерва нашата земја ја надмина симболичната и особено болна граница“, изјави генералниот директор на франциската агенција за јавно здравство, Жером Саломон.

Коронавирусот покоси „многу повќе отколку сите епидемии на грип, па дури и оние најсмртоносните, и повече отколку топлотниот бран во летото 2003 година“, кој однесе околу 19.000 човечки животи, истакна Саломон.

Вкупно 20.265 луѓе починале од почетокот на избувнувањето на епидемијата во Франција на почетокот од март.

Бројот на пациентите на одделите за интензивна нега паѓа 12-ти ден по ред. Во понеделникот имаше 5.863 пациенти на интензивна нега, или 61 помалку од претходниот ден, а Франција пред почетокот на епидемијата имаше само 5.000 кревети на одделите за интензивна нега.

„Намалувањето на потребите на одделите за интензивна нега е потврден, но и натаму е многу постапен“, коментираше Саломон на прес-конференцијата.