Франција не воведува карантин за луѓе кои доаѓаат од ЕУ, Шенген-зоната и Велика Британија

Франција нема да воведе карантин „за оние, без оглед на националноста, кои доаѓаат од ЕУ, Шенген-зоната и Велика Британија“, се вели во соопштение од Кабинетот на францускиот претседател.

Во саботата, министерот за здравство Оливие Веран рече дека мерката за карантин, предвидена во нацрт-законот за продолжување на вонредната здравствена состојба, ќе се однесува на „секој што влегува во државата или доаѓа на прекуокеанска територија“.

За други случаи, како Французите и Европејците кои доаѓаат од други области од ЕУ, Шенген-зоната и Велика Британија, Министерството за надворешни работи ќе „одлучи деновиве“ начин на постапка, додаваат од Кабинетот.

Француската Влада во саботата донесе одлука за продолжување за двата месеца – до 24 јули – на вонредната состојба поради Ковид-19 и донекаде разјасни принцип на релаксација на ограничувањата предвидени од 11 мај.