Франција остана без Мбапе за следните два квалификациски меча за СП

Француската фудбалска репрезентација во следните два меча од квалификациите за пласман на Светското првенство (СП) во Катар ќе биде без напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Мбапе ја повреди десната нога во ремито (1-1) против Босна и Херцеговина, па нема да може да настапи в сабота против Украина, но и против Финска три дена подоцна.

По четири одиграни кола во групата Д, Франција е на врвот со осум бодови, Украина е втора со четири, па следат Финска, БиХ и Казахстан со по два бода.