Франција поделена околу утврдувањето на моминската невиност

Франција е поделена околу намерата во земјата да се забрани тестирањето на моминската невиност и додека некои активисти и Обединетите нации бараат забрана на ваквата „варварска практика“, другите предупредуваат дека позицијата на одреден број муслиманки поради тоа значително би се влошила.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) наведува дека на тестирање на девственоста се подвргнуваат жените во најмалку 20 земји во светот, меѓу кои се Индија, Турција, Египет, Индонезија, Јужноафриканската Република, Либија, Јордан… Оваа практика се спроведува како дел од културолошкаото или религиозно наследство за да се зачува девственоста на девојките до бракот.

Тестирањето на девственоста и издавањето на потврда за невиност се спроведува и во Европа, и тоа во Белгија, Холандија, Велика Британија, Шведска и Шпанија, се наведува во извештајот на СЗО.

Девојките и младите жени на таквите прегледи кај гинеколозите ги принудуваат семејствата, партнерите или потенцијалните работодавачи за да ги проценат нивните доблести, честа или општественото вреднување. За ОН оваа постапка е „болна, непрецизна и претставува кршење на човековите права и за тоа нема место во современиот свет“.

Во Франција утврдувањато на девственоста најчесто го бараат муслиманските граѓани, но и некои ромски семејства кои пред склучувањето на бракот бараат доказ за моминската невиност. Франција, инаку, има најголем број муслимани во Европа, околу пет милиони, односно 7 до 8 отсто од севкупното население.

Американските етичари и лекари пред четири години во престижното медицинско списание The Lancet ги повикаа лекарите да одбиваат барања за утврдувањето на девственоста, бидејќи не е медицински неопходна постапка, а може да предизвика психолошка штета.

Етичарите истакнувааат дека лекарите не би требало да се согласат на овие барања, бидејќи со тоа ги кршат трите емели на етиката на струката: запштита на благосостојбата на пациентот, почитувањето на автономијата на пациентот (жената) и промовирање на правдата.

„Тестот за невиност не го штити и не го поддржува здравјето на женските пациенти, оттаму тестирањето на девственоста е целосно неспоиво со секој од овие три принципа на професионалната етика во опстетрицијата и гинекологијата“, изјави Лоренс Меккалоу, етичар и истражувач во областа на здравствените политики на Медицинскиот факултет Бејлор во Хјустон.

Меѓутоа, со ваквите мислења не се согласуваат сите во Европа, вклучително и во Франција, каде што постои стравување дека забраната на ваквата практика би можело да поттикне нови општествени превирања на меѓурелигиска основа.

Предлогот за забрана за спроведувањето проверка на девственоста е дел од поширокиот нацрт-закон за исламистичкиот сепаратизам за кој во францускиот парламент ќе се дискутира следниот месец. Според нацрт-законот, претседателот Емануел Макрон предлага казна затвор од една година и 15.000 евра парична глоба за лекарите кои издаваат такви потврди. Споменатиот закон би требало да го зајакне секуларните вреднсоти во справувањето со исламистичкиот сепаратизам, којшто, како што предупреди Макрон, се заканува да прегази некои заедници.

Меѓутоа, Гада Хатем-Ганцер, гинеколог и главна лекарка во засолништето за жени „Maison des Fammes“ во Париз, е меѓу оние коишто веруваат дека жените би биле уште повеќе изложени на насилство од страна на нивните семејства, партнери или роднините на идниот сопруг, доколку не можат да покажат потврда за девственоста, а некои скапо би ги плаќале проверките на црно. Ист став има и Лиза Амер, од феминистичкото здружение за северноафриканските соселеници „Collectif Nta Rajel“.

Хатем-Гантцер предупредува дека казнувањето на лекарите би бил лош потег, бидејќи би значело дека тие жени и девојки повеќе не би можеле никому да му се обратат за помош и совет.

Иако лекарите и жениските здруженија не го поддржуваат проверувањето на невиноста, сепак ги загрижува тоа што девојките и младите жени без таквите потврди би можело да станат жртви на уште полошо злоставување.

Најголем притисок во врска со потврдувањето на девственост трпат тинејџерките и младите девојки. Но никој не знае колку годишно девојки и млади жени се подвргнуваат на гинеколошки прегледи за утврдување на невиноста, бидејќи француската влада не собира такви податоци.

Француското здружение за совети за абортусот (ANCIC) соопшти дека „професионалците мора да донесат одлука којашто ја сметаат за најетична“.

Во отворено писмо во јавноста, група од десет лекари проверката на девственоста ја нарекуваат „варварски, заостанат и сексистички“ чин, меѓутоа исто така стравуваат дека забраната можеби би можеле да претставуваат уште поголема опасност за жените, но и за лекарите. Казнувањето на лекарите, сметаат, нема да ја разреши главната причина, а тоа е се неукоста и стравот.

Клаудија Гарсија-Морено од СЗО смета деак забраната мора да оди заедно со „културолошко чувствителното“ образовани, како и дека девојчињата и жените мора да го сфатат своите права и како да се заштитат.

При проверката, често нарекувана „тест на двата прста“, лекарот прави интерен вагинален преглед да го осети хименот, тенката мембрана за којашто во некои култури се веридува дека останува негибната сѐ додека жената го нема првиот сексуален однос. Некои жени, меѓутоа, може да се родат и без химен, а мембраната може да биде пукната ил растеганта поради телесни активности, како што се спорт, пад, удар или употреба на тампони.