Франција: Премиерката Борн попопуларна од претседателот Макрон

Рејтингот на популарноста на француската премиерка Елизабет Борн го надминува рејтингот на претседателот Емануел Макрон за четири процентни поени, покажува анкетата објавена во неделата која за весникот Journal du Dimanche ја спровел социолошкиот институт Ifop.

Според резултатите од месечното истражување на јавното мнение, само 37 отсто од испитаниците искажале поддршка за претседателот Макрон, што е за еден процентен поен помалку отколку претходниот месец, додека 63 проценти изјавиле дека не се задоволни од неговата работа.

Истовремено, се наведува дека 75 отсто од Французите се незадоволни од активностите на Макрон во сферата на безбедноста.

Анкетата, исто така, покажува дека првпат под почетокот на здравствената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, Макрон има ниска доверба меѓу сите категории население.

Се истакнува дека шефот на државата ја губи популарноста дури и меѓу неговите гласачи во 2017 година, особено кај големите претприемачи, граѓаните над 65 години и приврзаниците на неговата партија „Република во движење (LREM).

„Тоа е невидено за реизбран претседател“ оваа пролет, ги коментира резултатите од анкетата Фредерик Даби, извршен директор на Ifop.

Од работата на премиерката Борн, која е околу три месеца на должноста, задоволни се 41 отсто од испитаниците, односно три процентни поени поена повеќе отколку во јули.

Според резултатите од студијата, Борн добива на популарност меѓу младите, малите претприемачи и трговци, како и приврзаниците на централнодесничарската Републиканска партија.