Франција пријави 130 случаи на коронавирус, првиот во Шкотска, Џонсон очекува ширење во Британија

Бројот на лицата инфицирани со новиот сој коронавирус Covid-19 во Франција достигна 130, од кои 116 се хоспитализирани, а истовремено во неделата Шкотска го пријави првиот случај на своја територија.

„Во моментов бројот на заразени во Франција изнесува 130 луѓе, од кои 116 се хопстиализиран“, изјави на прес-конференција директорот на француската Управа за здравствена заштита, Жером Саломон, откако претходно здравствените власти соопштија за 100 случаи.

Истовремено во неделата властите на Шкотска го потврдија првиот случај на зараза во оваа британска покраина. Според владата во Единбург, болеста предизвикана од коронавирусот е дијагностицирана кај лице кое се вратило од Италија.

Со тоа бројот на инфекциите во Велика Британија достигна 36, од кои 13 се пријавени само во неделата. Покрај во Шкотска, по еден случај е потврден и во Северна Ирска и во Велс, а другите 33 случаи се потврдени во Англија, каде што најмалку четири случаи на зараза се потврдени дека се случиле во земјата.

Претходно во неделата британскиот премиер Борис Џонсон изрази уверување дека ширењето на коронавирусот во Обединетот Кралство ќе продолжи и во следниот период. Џонсо притоа порача дека „миењето на рацете со сапун најмалку 20 секунди“ е најефикасниот начин за спречување на инфекцијата.

„Како што знаете, во Велика Британија ја дијагностициравме болеста (предизвикана од коронавирусот) кај 35 лица (пред пријавата од Шкотска), а можеби ќе има и повеќe, можеби ќе се прошири малку повеќе. Коронаворусот возменирува, тоа е нова болест, но земјата ги има сите ресурси да се справи со тоа“, рече Џонсон за телевизијата Sky News.

Во понеделникот кабинетот на Џонсон на Даунинг стрит ќе одржи вонреден состанок на владиниот комитете „Cobra“, во врска со епидемијата на коронавирусот. Претходно во сабатата британската влада ги објави приоритетите на стратегијата за справување со епидемијата, Таа предвидува можност за откажување на масовните настани, откажување на операциите кои не се итни, ангажирање на пензионерините лекари итн.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.