Франција се бори да ги ограничи димензиите на епидемијата

Франција, која граничи со двете најпогодени земји во Европа – Италија и Шпанија, се бори да го ограничи ширењето на коронавирусот во земјата, изјави во понеделникто францускиот функционер задолжен за јавното здравје, Жером Саломон, додека властите размислуваат дали ќе воведат делумна блокада на земјата.

Саломон притоа изрази жалење што многу жителите на главниот град Париз излегле надвор од домовите во неделата и покрај препораките од влстите да останат дома. Затворени се кафетериите и рестораните, како и ноќните клубови ширум земјата.

„Многу луѓе на сфатија дека мора да останат во своите домови и ова недоволно почитување на препораките значи дека не успеваме да го ограничиме ширењето на епидемијата“, рече Саломон во разговорот за дадиот France Inter.

Претходно во неделата, францускиот министер за здравство Оливие Веран ги повика сонародниците да го „почитуваат силните општествени мерки“.

Саломон додаде дека би било катастрофално кога Франција би дошла до точката да мора да избира кои заболени ќе ги спасува. „Ова утро ги повикувам Французите да се мобилизираат во борбата“ против коронавирусот, рече.

Бројот на починатите од заболувањата предизвикани со Covid-19 во неделата пораснал во Франција за повеќе од третина во однос на ден претходно, па вкупно во земјата има 127 починати лица, а повеќе од 5.400 се заразени.

Според медиумските написи, Франција подготвува одлуки со коишто делумно ќе биде ограничено движењето на населението, во настојувањата властите да се справат со ширењето на болеста.