Во Франција генерален штрајк против промените на пензискиот систем

Франција се подготвува за масовен штрајк на кој според најавите ќе му се приклучат милион работници како протест против планот за повисока возраст за пензионирање и намалените пензии.

Во генералниот штрајк ќе учествуваат и наставен кадар и сообраќакни работници, адвокати, медицински персонал, вработени на аеродромите и други. Најмасовниот штрајк изминатите години во Франција го организираа синдикатите незадоволни со плановите на претседателот Емануел Макрон за универзалниот бодовен пензиски систем.

Се очекува дека штајкот ќе започна во четвртокот околу пладне, а некои челници на синдикатите предупредуваат дека ќе продолжат со штрајкот сѐ додека Макрон не се откаже од своите најави за промана на пензискиот систем. Според една анкета, јавната поддршка на штрајкот е 69 отсто, а најсилна е меѓу младите луше на возраст од 18 до 34 години.

Администрацијата на претседателот Макрон се надева дека ќе избегне повторување на генералниот штрајк поради пензиските реформи од 1995 година, кој три седмици го наруши воздушниот сообраќај и доби масовна јавна поддршка, принудувајќи ја владата на промени.

Министерот за внатрешни работи Критоф Кастане изјави во пресрет на штрајкот дека очекува речиси 250 протестни собири ширум земјата, за која вели дека би можеле да станат насилни. „Знаеме дека би можело да дојдат многу луѓе на ови протести и знаеме за ризици. Барав, доколку има безредија или насилства, апсењата да се извршуваат на самото место“, рече.

Поголемиот број припадници на неформалното граѓанско движење Жолти елеци изјавија дека планираат да им се приклучат на протестите. Синдикатите кои ги претставуваат вработените во сообраќајниот сектор, службениците во автобускиот транспорт и железничкиот сообраќај, се согласија штрајкот да започне од четврток.

Само 10 отсто од меѓуградските возови и возовите со големи брзини ќе сообаќаат во четвертокот, а некои регионални линии воопшто нема да бидат во функција. Меѓународните возови, како „Eurostar“ и „Thalys“, исто така, ќе бидат погодени од штрајкот. Во Париз, операторот со подземната железница RATP, ги предупреди патниците да очекуваат сериозни нарушувања на сообраќакот во текот на денот. Од 16 лини на метрото во градот, само пет ќе бидат во функција.

Контролорите на летањето, исто така, ќе штрајкуваат, и 30 отсто од домашните летови на „Air France“ ќе бидат откажани, додека компанијата „EasyJet“ откажа повеќе од 200 летови.

Во штрајкот ќе учествуваат и болничарките и болничкиот персонал, адвокатите и полицајците, поштарите и службите за јавна чистото. Министерот за здравство рече дека засега не зане колку тешко ќе бидат погодени болнциите поради штрајкот, но во тек се подготовки за работење во услови на штрајк.

И родителите чиишто деца одат во основното образование, исто така, ќе бидат погодени од штрајкот. Синдикатите кои ги претставуваат средните училишта очекуваат 60 отсто од наставниот кадар да учествува во штрајкот, но училиштата треба да останат отворени.

Франција во моментов има систем од десетина разлилни пензиски шеми коишто Макрон сака да ги обедини. Според новиот план, работниците би се наградувал за секој работен ден, со што би заработиле бодови кои подоцна би се претворале во пензиски бенефити. Службената возраст за одење во пензија во Франција е подогната во текот на последните десет години од 60 на 62 години, но и натаму е една од најниските во земјите на ОЕЦД.