Франција се повлече од поморската мисија на НАТО по инцидентот со Турција

482

Франција го извести НАТО дека го прекинува своето учество во операцијата во Средоземното Море откако ги добила резултатите од истрагата за инцидентот меѓу турски и француски воедни бродови, објави во средата функционер од француското министерство за одбрана.

Турскиот амбасадор во Франција, Исмаил Хаки Муса, поретходно на француските пратеници им рекол дека Париз се повлекува откако истрагата за инцидентот не довела до заклучок, ниту ги потврдила француските тврдења.

Односите меѓу Франција и Турција, сојузнички во НАТО, се влошија изминатиот период поради Либија каде двете земји поддржуваат спротиставени страни во тамошниот конфликт, поради турската инвазија на северот од Турција насочен во прв ред против курдските милиции кои Анкара ги смета за терористички непријателски формации и за турските пробни дупчења за нафта и гас во источен Медитеран во близина на кипарскиот брег.

Франција особено гневно реагираше кога ги обвини турските воени бродови за агресивно и опасно однесување кон нејзниот брод „Courbet“, откако во јуни се обидел да направи претрес на брод за кој се верувало дека го крши ембаргото на Обединетите нации над Либија. Франциската фрегата дејствувал во рамките на мисијата на НАТО под назив „Чувар на морето“.

Северноатлантската алијанса започна истрага по протестот од Франција на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки во јуни.

Неименуван функционер од француското министерство за вооружените сили, рекол за Reuters дека во писмото испратено во вторникот во НАТО се наведени четири барања: потврда на членките на алијансата да гои почитуваат ембаргото, осигурување дека сигналите на НАТО не се користени во текот на националните мисии, подобра координација меѓу мисиите на НАТО и ЕУ во зајакнување на ембаргото, како и воспоставување механизам за избегнување слични инциденти во иднина.

„Додека чекаме исполнување на овие барања, одлучивме привремено да се повлечеме од операцијата ‘Чувар на морето’“, порачал францускиот функционер.

Франција тврди дека на 10-ти јуни турски воени бродови на „Courbet“ трипати му сигнализирале со радарски зраци, а дека припадниците на турската воена морнарица во текот на ицидентот се опремиле со панцирни елеци и носеле оружје.

Амбасадорот Муса ги отфрла француските тврдења и вели дека францискиот број бил агресивен, а дека бродот кој сакале француските сили да го прегледаат пренесува хуманитарна помош.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.