Франција со нов рекорд според дневен раст на коронаинфекциите

Бројот на потврдените случаи на зараза со коронавирусот во Франција во последното деноноќие се зголемило за 16.972 што е рекорден дневен раст на инфекциите, соопшти во саботата вечерта владината здравствена агенција Santé Publique.

Според експертите на агенцијата, станува збор за највисок дневен пораст на заразени од укинувањето на карантинот кон средината на мај. Претходно рекордниот дневен раст на заразите беше забележан на 24-ти септември, кога надмина 16.000 потврдени инфекции. Претходно во петокот беа забелеќани нешто повеќе од 12.000 случаи на коронаинфекција.

Со тоа бројот на заразените со SARS-Cov-2 во Франција од почетокот на епидемијата во февруари се искачи на 606.625 лица. Како последици од компликациите предизвикани од респираторното заболување Covid-19 чиј предизвикувач е новиот коронавирус починале 32.198 пациенти, од кои 49 во последните 24 часа.

Во болниците ширум Франција последната седмица се хоспитализирани 4.087 пациенти, од кои 849 се на одделите за интензивна нега.

Анализирајќи ги показателите за дневно следење на епидемијата, француските здравствени власти истакнуваат дека „во континентална Франција циркулирањето на коронавирусот е на високо ниво“. „Бројот на позитивните резултати на тестовите расте. Сепак, бројота н новите потврдени случаи и, според тоа, стапките на инциденца се стабилни во споредба со претходната седмица“, се истакнува во соопштението на Sante publique France.

Покрај тоа истакнуваат дека „бројот департмани каде што вирусот активно циркулира останива на високо ниво (66)“. Притоа според, здравствените стручњаци, „поради активниот пренос на инфекцијата од човек на човек се предвидува натамошно зголемување на бројот на хоспитализациите“.