Франција со нови над 5.400 коронаинфекции во последните 24 часа

Во последното деноноќие во Франција се забележани повеќе од 5.400 нови случаи на зараза со коронавирусот, соопшти во саботата Генералната дирекција за здравство (DGS), што е пониска бројка по трите дена експоненцијален раст.

Во саботата позитивни на SARS-CoV-2 се 5.453 наспроти 7.378 новозаразени во петокот, 6.111 во четвртокот и 5.429 во средата, што беа нови рекордни показатели кои се припишуваат на масовното тестирање на населението.

Стапката на позитивните тестови, односно бројот на позитивно тестираните лица поделен со бројот на вкупно тестираните, и натаму е во раст и изнесува 4 отсто во последните седум дена.

Од почетокот на епидемијата во Франција починале 30.602 лица, од кои 20.095 во болниците.

Во моментов поради Covid-19 хоспитализирани се 4.530 пацеинети, пет помалку отколку во петокот, одкои 400 се на респиратори, односно 13 повече отколку ден претходно.