Франција во исчекување на новиот премиер

Името на новиот премиер на Франција, кој ќе дојде на местото на досегашниот Едуар Филип кој претходно во петокот поднесе оставка, ќе биде познато во следните неколку часа, пренесува AFP.

„Новиот премиер ќе биде именуван во наредните часови“, изјавиле за агенцијата неименувани претставници на Елисејскиот дворец.

Според агенцијата, во текот на состанокот во четвртокот „претседатлот на Републиката (Емануел Макрон) и премиерот (сега веќе поранешниот Едуар Филип) дошле до заклучот за неопходноста од (формирање) нова влада за реализација на новата етапа“ од претседателскиот мандат.

Закажаната за петокот седница на кабинетот поради оставката на Филип нема да се одржи. Се забележува дека новиот состав на владата треба да биде познат до следната среда.

Претходно во петокот Елисејскиот дворец издаде соопштение во кое беше потврдени дека премиерот Филип му поднел барање на претседателот Макрон да го ослободи од должноста, кое било прифатено.

Ден претходно во интервју за регионалните изданија, францускиот претседател навести „нов тим“ во владата, потврдувајќи ги информациите во медиумите за претстојни измени во составот на министерскиот кабинет, но притоа не кажа дали на премиерската должност ќе остане Филип.

Минатата недела Филип на вториот круг од локалните избори убедливо победи во трката за градоначалник на пристанишниот град Ле Авр. Филип веќе ја извршуваше оваа функцијха од 2010 до мај 2017 година, кога беше именуван за премиер.