Франција забрани исламистичка група, џамиите под обезбедување по заканите

Франција ќе ја забрани исламистичката група Шеик Јасин во рамките на задушувањето на милитантните групации по убиството на средношколскиот професор минатата седмица, објави во средата француската влада.

Четириесет и седумгодишниот професор по историја Самуел Пати беше обезглавен среде улица среде ден од осумнаесетгодишник со чеченско потекло пред училиштето во париско предградие, бидејќи професорот на час на кој зборувал за слободата на говорот прикажал карикатури од пророкот Мухамед. Набрзо напаѓачот беше застрелан од полицијата.

„Ова е војна за безбедноста, културата и образованието“, изјави портпаролот на француската влада, Габриел Атал.

Забранетата групација Шејк Јасин го носи името на палестинскиот лидер и еден од основачите на радикалното исламистичко движење Хамас, убиен во 2004 година. Денешниот Хамас, кој управува со палестинската енклава Појасот Хаза, отфрла секаква поврзаност со споменатата група која дејствува во Франција.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави во средата дека наредил полициска заштита на џамиите во градовите Бордо и Безиер на југозападот на Франција, откако добиле закани со насилства.

„Таквите акции се неприфатливи на територијата на Републиката“, напиша министерот Дарманен во објавата на Twitter во средата.

Радиото France bleu извести дека претставниците на џамиите пријавиле во полицијата дека добиле пораки со омраза на Facebook, а меѓу нив и повик за палење на џамија. Овие закани заредиле по убиството на професорот во Париз.

Радиот ја пренесува и пораката од Facebook во која се повикува смртта на профессорт да биде одмаздена со палење на џамијата во Безеир. Оваа објава подоцна е отстранета од социјалната мрежа.

Францускиот премиер Жан Кастекс изјави во парламентот во вторникот дека Франција мора да дибие закон против загрозувањето и заканите по животите на луѓето преку социјалните мрежи. Покрај споменатите закани, ги имаше предвид и критиките и заканите кои биле поставени на социјалните мрежи во врска со сега убиениот професор по неговото контроверзни предавање од 5-ти октомври.