Франција забрани продажба на спреј кој наводно 99 отсто ги убива коронавирусите

Француската национална агенција за безбеднот на лековите (ANSM) ја забрани во понеделникот продажбата на јонизиран спреј за нос за борбата против коронавирусот.

Како што соопшти регулаторот, производителот на препаратот познат како спрејот COV-Defense или спрејот Biokami тврди дека тој го неутрализира вирусот SARS-CoV-2 со повеќе од 99-отстна ефикасност.

„Наспроти овие тврдења на производителот (компанијата Pharma & Beauty – Centrepharma), ние не добивме податоци за клинички испитуваа кои покажуваат делотворност на спрејот и неговата сигурност“ за употреба, се наведува во соопштението.

Се додава дека во отсуство на потребните гаранции и во очекување на дополнителни информации, агенцијата го забранува рекламирањето, продажбата, дистрибуцијата и употребата на препаратот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.