
Најмалку 42 лица загинаа во директен судар на камион и автобус на југоистокот на Франција. Властите наведуваат дека бројот на жртви можно е да се зголеми.
Локални медиуми наведуваат дека по сударот двете возила се запалиле. Во гаснењето на пожарот биле ангажирани околу 60 пожарникари, а најголем дел од патниците биле заглавени во автобусот кога избувнал пожарот.

Во автобусот се превезувале група пензионери кои оделе на дневен излет.
Судирот се случил околу 7.30 часот по локално време во близина на градот Песижин, на 70-тина километри источно од Бордо.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.