Франција и Германија ја преземаат одговорноста за трговскиот механизам со Иран

Франција и Германија ќе ја преземат заедничката одговорност за трговскиот механизам меѓу Европската унија и Иран за да го минимизираа ризикот од американски санкции, меѓутоа малку е веројатно дека тоа ќе го покријат со трговија со надата, што предизвикува стравување за судбината на меѓународниот нуклеарен договор со Техеран, имајќи предвид дека големите француски и германски компании веќе есенва се повлекоа од иранскиот пазар откако САД се повлекоа во мај годинава од нукеларниот договор и воведоа повторно санкци за иранскиот нафтен и финансиски сектор.

Дипломатски извори за европските медиуми наведуваат дека Франција и Германија на тој начин сакат да го надвладеат фактот што некои земји членки на Европската унија одбиваат да му дадат поддршка на механизмот за да не се најдат на удар на обновените санкции од САД. Меѓутоа, имајќи ја предвид американската закана со одмазда зе непочитување на санкциите, велат дека механизмот во почетокот би можел да се ограничи на помалку чувствителните производи, како што се хуманитерните и земјоделските производи.

„Механизмот за посебна намена е важн, но она што на Иранците им е уште поважно е што нафтата е сигурен долгорочен извоз. Ниедна мерка којашто се обидуваме да ја воведеме нема да доведе до чудо, туку она што се обидуваме да го сториме се низа мерки коишто би ги убедиле Иранците да се придржуваат до своите обврски од нуклеарниот договор. Тоа е нашата цел“, рекол за AFP, француски дипломат кој сакал да остане анонимен.

Специјалната европса иницијатива чијашто цел е да се заштити трговијата со Иран од повторно наметнатите американски санкции може да пропадне бидејќи ниедна земја членка на ЕУ не сака да биде домаќин на споменатиот механизам, стравувајќи од одмаздата на САД. Влоговите се големи, бидејќи Иран предупреди дека би можел да го раскине меѓународниот договор постигна во 2015 година со шесте светски сили за ограничување на неговата нуклеарна прогема, доколку ЕУ не успее да ги сочува економските бенефити гарантирани со овој договор, од кој Вашингтон истапи во мај годинава.

Механизмот за посебна намена е своевидна клириншка куќа коајшто би можела да се користи за размена на иранските нафта и гас за европски стоки, заобиколувајќи ги американските санкции, кои се засноваат на доларот како глобална валута за трговијата со нафта. Со механизмот се сака да се заобиколи глобалниот досега на американските финансиски систем користејќи посредник во ЕУ за тргувањето со Иран. Така, Европа моќе да ја плаќа иранската нафта со европски стоки и со услуги од еднаква противредност.

Целта е механизмот да биде правно подготвен во номеври, а оперативен во следната 2019 година, но ниедна земја не се понуди да биде негов домаќин и да се избегне SWIFT системот. Австрија одби, Белгија и Луксембург се втората опција, но изразија резервирансот. Стравуваат дека тоа што менханизмот би се потпирал на локалните банки за тргување со Иран, би можело да резултира со американски санкции и оневозможување на нивните банки пристап на американскиот пазар.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати порача дека нема да се двоуми да ги казни Европејците поради кршењето на санкциите и изрази убеденост дека на крајот тие ќе го прифатат ставовите на САД. Европските диполомати, меѓутоа, предупредуваат дека овој механизам не би бил доволен да се сочува трговијата со Иран, како и оти на почетокот би бил повеќе симболичен отколку ефикасен.