Франција и Германија заедно во промена на индустриската политика во ЕУ

Францускиот и германскиот министер за финансии во вторникот најавија заедничка иницијатива за промена на прописите за заштита на пазарната конкуренција во Европската унија, со што би се овозможило создавање европски индустриски лидери конкурентни на глобално ниво.

Франција и Германија и натаму ги притиска минатонеделното „црвено светло“ на Европската комисија на предложеното спојување на францускиот произведувач на возови „Alstom“ и одделот за железници на германскиот индустриски гигант „Siemens“. Париз и Берлин ги поддржуваат ова спојување надевајќи се дека ќе се создаде индустриски гигант кој би можел да им парира на конкурентите како, на пример, на кинескиот железнички гигант CRRC.

Двете страни ги процениле сите последици од ваквата одлука по економијата, изјави францускиот министер за финансии Бруно Л’Мер, додавајќи дека за една седмица во Безрлин ќе се сретне со германскиот министер за економија Петер Алтмејер и со министерот за финансии Олаф Шолц.

Главна тема на разговорите ќе бидат можна измена на европските прописи за заштита на пазарната конкурентност со цел да се унапредат индустриските политики, рече министерот Л’Мер при доаѓањето заедно со германскиот колега на средбата на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ во Брисел. Политиката на пазарна конкуренција има потреба од освежување, се согласил министерот Шолц, додавајќи дека на ови напори би им се помогнало и на малите иновативни технолошки компании.

Компаниите во ЕУ би требало да можат да растата и да ја искористат значајната предност во големината на блокот, додаде Шулц, истакнувајќи дека ЕУ со своите околу 450 милиони жители е значително поголем пазар од 300-те милиони жители на САД. Двете земји, исто така, би разгледувале и во кои сегменти треба да се насочат инвестициите, се надоврза Л’Мер, издвојувајќи ја областа на вештачката интелигенција.

„Доколку сакаме да останеме во еконмската трка на глобално ниво, мораме многу повеќе да инвестираме во вештачката интелигенција. Тоа сакаме да го сториме рака под рака со Германија“, порача францускиот министер за финансии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.