Франција и Италија во спор поради граѓанската војна во Либија

ANSA/STRINGER

Франција и Италија се препукуваа во четвртокот околу начинот на решавње на обновените судири во Либија, додека силен отпор ги сопре силите на фелдмаршалот Халига Хафтар во јужните предградија на Триполи.

Според податоците на Обединетите нации, во борбите на Либиската национална армија (LNA) на Халифа Хафтар чие седиште е во источниот град Тобрук и силите на меѓународно признатата влада на происламскиот Сеопшт национален конгрес во Триполи, убиени се најмалку 56 луѓе, а 8.000 лица ги напуштиле своите домови во поранешната единствена либиска престолнина.

Репортерот на Reuters јави дека слушнал повремени престрелки и експлозии, додека LNA с соочува со отпорот на силите лојални на премиерто Фаје ал-Сараџ, во близина на меѓународниот аеродром и округот Аин Зара. Побегантите семејства се сместени во училиштата. Активистите на Црвената полумесечина помагаат во доставувањето на храната за раселените, пренесува агенцијата.

Наапдот на Хафтар врз Триполи е последниот потег во граѓанската војна и хаосот кои владеат во Либија откако во 2011 година со интервенција на Западот беше соборен деценискито водач Моамер ел-Гадафи. Откако без никакво отппор го збриша југот, LNA е запрена во јужните предградија на Трипли, 11 километри од центарот на градот. LNA освојувале и повторни губеле некои позиции во градот.

Пвоече од 190 војници на Хафтар се заробени, а службеници во Триполи тврдат дека станува збор за тинејџери. Вкупно 116 борци се заробени во Завија, град западно од Триполи, и уште 75 во Аин Зара, јужното предградите на либискиот главен град. Во затворот во Завија, репортерот на Reuters видел заробеници, повеќето момчиња, а некои од нив биле облечени како цивили.

Италија, чијашто поранешна колонија е Либија, ја предупреди Франција коај има добри односи со Хафтар, да се воздржи од поддршка за која и да е фракција, откако дипломатски извори соопштија дека Париз го саботирал ставот на Европската унија која го повија Хафтар да ја запре офанзивата. И Италија и Франција имаа добри односи со Гадафи, но Франција активно воено учествуваше во поддршката на бунтот со кој либискиот водач беше соборен и ликвидиран.

„Тоа би било многу сериозно, доколку Франција, поради економски и трговски причини, ја блокира иницијативата на ЕУ за мир во Либија и ја поддржува страната коај се бори. Како министер за внатрешни работи нема да стојам настрана и да гледам“, порача италијанскиот вицепремиер Матео Салвини во изјавата за радиото RTL.

Франција, којашто поседува нафтени полиња во источна Либија, му пружила воена помопш на Хафтар, изјавиле либиски и француски службеници. Тие уште еднаш потсетуваат дека Париз беше клучниот актер околу соборувањето на Гадафи. Рим, пак, ја поддржува владата на Сараџ, која ја има поддршката на ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.