Франција ќе се спротистави на одложување на брегзитот без план

Франција ќе се спротистави на секое барање на Велика Британија за одложување на нејзиното истапување од Европската унија, целта на тоа смислата е само да се одложи носењето одлука, но би можела да се согласи доколку Лондон предложи веродостојно политичко решение, соопшти во четвртокот функционер на француската влада.

Ова предупредување следеше откако британската премиерка Тереза Меј во Брисел разговараше со европските челници, барајќи промена на планот кој го договори во ноември минатата година за тој полесно да мине во британскиот парламент.

Францускиот претседател Емануел Макрон еден од најжестоките противници на повторното отворање на преговорите и ублажување на одредбите осмислени за да не дојде до ткн „тврда граница“ меѓу членката на ЕУ Република Ирска и Северна Ирска која е покраина на Обединетото кралство.

„Се противиме на одложување без план. Многу јасно. Нема тоа да го прифатиме… Но доколку Британците кажат: Потребни ни се три, шест месеци и или една година за ново политичко решение, кон тоа би биле отворени“, истакнал за агенцијата Reuters неименуван француски функционер.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, претходно и порача на британската премиерка Тереза Меј дека ЕУ нема повторно да ги отвора преговорите за раздружувањето, но дека останува отворена да се преговара за текстот за политичката декларација за идните односи.

Најголема пречка за ратификацијата на договорот меѓу Лондон и Брисел во британскиот парламент е ткн „бекстоп“. Британските пратеници побараа повторно да се преговара за овој заштитен механизам, кој осигурува да не се случи повторно воспоставување физичка граница на ирскиот остров, што е во спротивност со мировниот договор од 1999-та. Тие бараа бекстопот да се замени со „алтернативни аранжмани“, но не е јасно како би изгледале тие.

Бекстоп е гаранција дека по излегувањето на Велика Британија нема повторно да биде воспоставена гранциа меѓу Република Ирска, членка на Европската унија, и Северна Ирска, која е покраина на Обединетото Кралство. Тој би бил активиран само во случај кога во преодниот период, кој според договорот за раздружување трае до крајот на 2020 година, нема да биде најдено некое иновативно решение кои би ја отстранило потребата за воспоставување гранична контролата на луѓето и стоките.