Франција од следната година го органичува дневниот пристап на Мон Блан

Франција од следната 2019 година ќе го ограничува бројот на оние коишто дневно ќе смеат да се искачат на највисокиот врв Мон Блан, најавуваат локаните власти.

Бројот од 214 искачувачи колку ќе имаат право дневно да се искачат на Мон Блан, една од неколкуте мерки кои се преземени за да се ограничи преголемат врвулица. Оваа година, на пример, на Мон Блас секој ден се обидувале да се качат повеќе од 300 луѓе, и покрај ризикот од одрони поради повисоките температури.

Во последно време растат стравувањата во Франција поради бројот на искачувачи во текот на летото на Мон Блан, висок 4.810 метри, кој долго се сметаше за највисок врв на Европа. Денес за највисок врв се смета Елбрус на Кавказ, во 5.642 метри.

Мон Блан претставува предизвик за многу искачувачи, а оваа година планината зема веќе 16 жртви. Минатата година 15 луѓе загинаа во обидот да го искачат врвот.

„Тоа е тешка одлука, но и добра одлука, бидејќи искачувањето на Мон Блан не е слично на другите. Мора да бидете подготвени“, изјави Жан-Марк Пејез, градоначалник на Сен Жерве, местото од коешто започнува најпопуларната рута за врвот.

Локалните власти велат дека на врвот често се обидуваат да се искачат и неподготвни планинари, како и оние со несоодветна опрема. Полицијата уште ова лето ги воведе првите мерки, и започна да бара од искачувачите да имаат резервација во некој од планинарските домови на патот, пред да им биде дозволено искачување. Новата одлука, пак, е донесена по серијата состаноци одржани изминатот викенд меѓу локалните функционери, француските горски полициски единици, францускиот планинарски сојуз и здруженинието на водичите.