Франција отвора национална истрага по извештајот за раст на бројот родени деца без екстремитети

Франција покрена национална истрага во врска со тоа што во некои делови од земјата се раѓале бебиња без раце или без нозе, по регистрирањето на неколкуте нови случаи пријавени оваа седмица, објави министерството за здравство во средата.

Агенцијата за јавно здравство на Франција (Sante Publique France – SPF) соопшти дека идентификувала 11 дополнителни случаи на бебиња родени без екстремитети во периодот меѓу 2000 и 2014 година во руралниот департмант Ен на истокот од земјата во близината на границата со Швајцарија, каде претходно биле пријавени седум вакви случаи во периодот меѓу 2009 и 2014 година. Исто така, има случаи и на деформитети кај децата во двата департмана на западот од Франција: четири случаи на подрачјето на Морбиан во периодот меѓу 2011 и 2013 година, и три во соседниот Лоара-Атантик во 2007 и во 2008 година. Департнамите Ен и Лоара-Атлантик се оддалечени меѓусебно неколку стотици километри.

Овие извештаи предизвика вознемиреност во француската јавност дека, можеби, станува збор за некој вид отров во храната, водата или во воздухот.

„Сакам да знам, мислам дека сака да знае цела Франција… Би можело да станува збор за фактор од околината. Можебни причината се состои во тоа што жените го јаделе, пиеле и вдишувале“, изјави за телевизијата BFM TV, министерката за здравство Ањес Бузин.

Почетната истрага на почетокот од октомври покажала дека зачестеноста на новородените деца со деформитети на западот од Франција не е поголема отколку во другите делови од земјата, но сега е отворена поширока истрага.

„Истражителите ќе мора да откријат што тие семејтва имаат заедничко. Многу е комплицирано, мораме да го истражиме историјатот во случаите кои понекогаш датираат наназад десет или повеќе година“, додаде министерката Бузин.

Се очекува првите заклучоци ќе бидат објкавени на 31-ви јануари, а целосните извештаи до јуни 2019 година.