Франција повторно во финалето на Девис купот

Француските тенисери втора година со ред изборија место во финалето од Девис купот, откако Жулиан Бенето и Николас Мау во саботната игра на двојли во Лил ги наидграа Марсел Гранољерс и Фелисиано Лопез со 6:0, 6:4, 7:6 (7), со што на својата репрезентација ѝ донесоа недостижна предност од 3:0.

Франција минатата година на истото игралиште „Пјер Мороа“ во Лил во финалето ја совлада Белгија и по десетти пат го освои големиот сребрен пехар.

За француските тенисери ова ќе биде 19-то финале во Девис купот во историјата, и трето во последните пет години.

Французите во финалето ќе бидат домаќини доколку противник им биде Хрватска, а доколку Американците направат голем и неочекуван пресврт во второто полувреме во Задар, тогаш финалниот дуел ќе се игра во САД.

Неофицијално во медиумите се наведува дека доколку Лил биде организатор на дуелот меѓу Франција и Хрватска, ќе се игра на стадион кој може да прими повеќе од 27.000 гледачи.

 

Резултати:

Беноа Пере – Пабло Карено-Буста 7-5, 6-1, 6-0

Лукас Пује – Роберто Баутиста Агут 3-6, 7-6 (5), 6-4, 2-6, 6-4

Жулиан Бенето/Николас Мау – Марсел Гранољерс/ Фелисијано Лопез 6-0, 6-4, 7-6 (7).