Франција: Секоја година 1000 нови стогодишници

Во Франција секоја година има нови 1000 стогодишници, а 2013 година биле 16.273 кои примаат пензија, соопшти денеска Пензискиот фонд на Франција.

Од 2010 година секоја година 1000 лица полнат по 100 години. Од 12 милиони 23 илјади пензионери во Франција, 16. 273 се стогодишници, односно 0,13 отсто од вкупниот број на лица кои примаат пензија од државен фонд.

Пензискиот фонд наведува дека тој број полека ќе паѓа, бидејќи во текот на Првата светска војна наталитетот се намалил.

Французите се едни од најдолговечните народи во Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.