Франциск: Вие сте пример на кој треба да се огледаме за мирен соживот

Папата Франциск во Вилата Водно имаше средба со државните власти и со претставници на политичките партии, цивилниот сектор и дипломатскиот кор. Во обраќањето тој оддаде почит на земјата како мост меѓу исток и запад каде се обединуваат многу посебни карактеристи на овој регион.

Ова културно богатство е огледало на вашето најважно и најценeтотo наследство-мултиетничкиот и мултирелигискиот состав на вашиот народ, плод на богата историја и на комплексните односи воспоставени во текот на минатите векови. Оваа мешавина овозможи да се постигне мирен и долг соживот, каде различните идентитети се развиваат без негирање и дискриминација на останатите.

На тој начин се воспостви уште подобар однос од толернацијата -да покажат почит. На тој начин дадоа облик на односи кои од овој аспект ве прават пример на кој треба да се огледаме за мирен соживот со меѓусебен рециприцитет. Ова е важно за патот за што побрза интеграција кон европските земји. Посакувам така да биде за целиот Западен Балкан со почитување на различностите и човековите права, рече Папата Франциск во обраќањето.

Тој оддаде признание за прифаќањето на бегалците за време на најголемата криза во 2015-2016 година, што, како што рече, зборува за душата на овој народ кој знае како е да се нема и како солидарноста е важна за суштински развој.

Би сакал да го истакнам, исто така, великодушниот напор што го прави вашата Република – било од нејзините државни органи, било преку добриот придонес од разни меѓународни организации како Црвениот Крст, Каритас и други невладини организации – за да ги прими и да им осигури помош на големиот наплив на мигранти и бегалци од разни земји од Блискиот Исток. Тие бегаа од војна или од екстремни услови на сиромаштво, често предизвикани од сериозни воени моменти. Така, во 2015 и 2016 година ја преминаа вашата граница, најголем дел од нив насочувајќи се кон северните и западните делови на Европа, и најдоа кај вас гостоприемно засолниште. Навремената солидарност, која им се нудеше на оние кои тогаш имаа најголема потреба за тоа, бидејќи покрај домот, работата и татковината што ги загубиле, тие ги беа загубиле и нивните најсакани, ве прави честити и зборува за душата на овој народ, кој знае како е да се загуби и дека може да препознае дека преку солидарноста и споделувањето може да се најде излезот и патот кон секој суштински развој. Се надевам да вие ќе ја зачувате таа солидарност која е неопходна во овој непредвидлив критичен момент во корист на секое дело од доброволната хуманитарна работа, рече Франциск.

-Сакам на посебен начин да и оддадам почит на една ваша угледна сограѓанка која направи највозвишен закон на своето постоење, која се стави во заштита на напуштените и сиромашните. Во светот таа е позната како Мајка Тереза од Калкута. Таа се родила тука во Скопје како Агнес Гонџа Бојаџиу. Пресреќен сум што за кратко ќе можам да се помолам во спомен куќата посветена на неа, на местото каде имало католичка катедрала каде била крстена, рече папата Франциск пред заминувањето на средбата со верските лидери во Спомен куќата.

Бог да ве пази и да ја благослови Северна Македонија, да ја зачува хармонијата и да даде просперитет и радост!