Француска копанија претстави маска која го уништува коронавирусот

Француската компанија „BioSerenity“, којашто произведува маски за агенцијата за јавно здравје, ја претстави заштитната маска за лице за којашто тврди дека има способност да го уништи коронавирусот, пренесе во вторникот телевизискиот канал BFM TV.

Според компанијата, новата маска има четири слоеви, од кои едниот има антибактерско и антивирусно својство, што се базира на приципите на физичо и хемиско блокирање  со употребата на две молекули: циклодекстрин и кватернарен амонијак.

„Маската е способна да ги блокира и уништува аеросолизираните вируси“, го цитира телевизијата извршниот директот на „BioSerenity“, Марк Фруин, чија компанија е основана во 2014 година за производи поврзани со медицината која во моментов има 650 вработени и обрт од над 65 милиони евра во 2020 година.

Тестирањата покажале дека го намалувала присуството на вирусот од 99,9 отсто за помалку од 5 минути, и до 99,96 отсто за помалку од 2 часа.

Од компанијата, исто така, истакнале дека маската има способност самата да се деконтаминира и затоа е помалку опасна доколку и се најде во животната средина.

Маската била создадена во соработка со специјалистите од универзитетската болница во Лил, Националниот институт за здравствени и медицински истражувања и од Националниот центар за научни истражувања.

Според најавите, цената на примерок од маската „FFP“ ќе изнесува 1,49 евра, а најзината верзија за хируршки интервенции 0,44 евра. Хируршката вертија ќе биде за еднократна употреба и се препорачува за четиричасовно носење.