Француска министерка објасни зошто мачката ја нерекла „Брегзит“

Француската министерка за европски работи Натали Лоазо објасни во вторникот зошто својата мачка ја нарекла „Брегзит“, саркастично коментирајќи ги обидите Велика Британија да излезе од Европската унија.

„Да, мислам дека морам да имам одредена доза хумор овие денови за да се носам со брегзитот, не само јас, туку и моите сограѓани“, истакна Лоазо во Брисел пред состаникот со колегите на Советот на министрите за европски прашања за британското излегување од ЕУ.

Името на миленикот на француската министерка го откри во неделата парискиот весник Le Journal du Dimanche, повикувајќи се на нејзината Facebook страница.

„Го нареков мачорот Брегзит… Секое утро ме буди со бесконечно мјаукање бидејќи сака надвор, а кога ќе ја отворам вратата тој стои помеѓу, нерешителен, па грдо ќе ме погледне кога ќе го пренесам надвор“, откри министерката на социјалната мрежа.

Лоазо во Брисел рече дека е крајно време да „знаеме каде одиме“ по прашањето на британското излегување, како и дека земјите од ЕУ го чекаат „потегот на Лондон – одлука, предлог или стратегија“.