Француска телевизија прекина пренос на Facebook поради поплава од антисемитски коментари

Француската телевизија France 3 во средата објави дека била принудена да го прекине преносот во живо на Facebook од сквернавените еврејски гробиѓта на истокот од Франција поради поплавата од антисемитски коментари.

Телевизијата France 3 во вторникот го започна својот пренос од гратчето Куаценхајм во близина на Стразбур каде што пристигна францускиот претседател Емануел Макрон за да оддаде почест на гробиштата откако повеќе од 90 тамошни гробови биле вандализирале со свастики и антисемитски пораки. Но видеото на страницата на Facebook на телевизијата, којашто ја следат повеќе од 1,3 милиони корисници, било преплавено со антисемитски коментари и говор со омраза.

„Зборуваме за директни закани со смрт, коментари кои се отворено антисемитски и расистички, вклучително и ‘хајл Хитлер’ и ‘валкани Евреи’, коментари упатени на адреса на претседателот Емануел Макрон и на претставниците на еврејсата заедница. За само неколку минути бројот на непримерни и нелегални коментари го надмина нашиот капацитет да ги модерираме“, тврдат од France 3 во објаснувањето на својата одлука и додаваат дека би им биле потребни меѓу 10 и 20 вранотени, и одбива „да биде канал на омразата“.

Инцидентот на гробиштата е последниот во низата слични ширум Франција изминатите неколку години а особено последните седмици кои повторно ја возбудија еврејската заедница и поттикнаа на апели за построги казни за сторителите.

Претседателот Макрон во текот на посетата на сквернавените гробишта разговараше со претставниците на локалната заедница и вети засилена борба против ваквите појави.

„Кој и да го сторил ова не ја заслужува Француската Република и ќе биде казнет. Ќе преземеме акција, ќе ги промениме законите и ќе ги казниме“, порача Макрон.

Во вторникот вечерта на централниот париски Плоштад на Републиката се собрале според процените 20.000 луѓе, меѓу кои и политичари од сите партии, за да осудат антисемитизмот. Слични собири беа одржани ширум Франција.

Во Франција живее најголемата еврејска популација во Европа, околу 550.000 луѓе, а во последната деценија се забележани сѐ повеже антисемитски инциденти. Тоа предизвика повици, во прв ред од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за преселување на француските Евреи во Израел, а имаше слични повици и за преселби во Русија.

Анталитичарите антисемитските напади ги припишуваат не само на крајната десница, туку и на крајната левица и на исламистите. Минатата 2018 година бројот антисемитски испади на национално ниво се зголемил за 74 отсто, покажуваат бројките објавени минатата седмица.