Француската полиција протестира поради забраната на зафатот за гушење

Француската полиција во петокот во низа градови протестираше против владината забрана за зафатот за гушење, техника за физичко онеспособување со цел да се ограничи движењето на некое лице, а влдата оваа одлука ја донесе како одговор на протестите поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд во САД и наводната полициска бруталност во Франција.

Во Париз полицајците паркираа десетици службени возила кај Триумфалната капија, а потоа минаа по Елисејските полиња. На едно од полцииско комбе беше истакнат плакатот со пораката „Нема полиција, нема мир“, додека на друго беше фотографија со призори од повреди со кои се здобиле полицајци нападнати во текот на објавување на должноста со прашањето „Кој кого масакрира?“.

Протестите се организирани по состаникот на претставниците на полицискиот синдикат и министерот за внатрешни работи Кристофер Кастане свикан со цел да се направи обид да се ублажи гневот кој меѓу полицијаците ги предизвикаа владините мерки.

Синдикалните претставници на министерот му ја пренеле пораката дека зафатот за гушење всушност спасува животи, како и дека офицерите мора да ја имаат на располагање додека не се пронајде соодветна алтернатива, рече за медиумите по состаникот Фабиен Ванемелрик од Националното здружение на полицајците.

„Втората работа којашто му ја кажавме беше да престане да го купува социјалниот мир… така што ќе им угодуваме на некои групи а на сметка на полицијата“, рече Ванемелрик за новинарите додавајќи дека полицајата не може да се смета за одговорна за сѐ што нечини во општеството.

Во париското предградие Бобињи во четвртокот навечер полицајците се построија пред полициската станица и ги фрлија полициските лисици на земјата. Во Лион, пак, полицијаците ги паркираа возилата на централниот градски плоштад со вклучени ротациони светла.

Групите за човекови права тврдат дека обвинувањата против француската полиција за бруталност и расизам главно не се решаваат, а новиот бран од гневот за полицијата се прошири ширум светот откако биле полицаец во САД усмрти афроамериканец.