Француската влада целосно се откажа од данокот на гориво по протестите на „Жолтите елеци“

Владата на францускиот претседател Емануел Макрон се откажа од само до неодамна црвстата намера да го зголеми данокот на гориво, соочена со масовните протести поради зголемувањето на животните трошоци ширум Франција, објави во средата францускиот премиер Едуар Филип, ден откако најави суспендирање на данокот само на шест месеци.

Владата се обидува со сите сили да го стивне гневот на демонстрантите кои се обединија во неформалното движење „Жолти елеци“ и да закрепне од саботните безредија на улиците на престолнината Париз, најжестоките во последните половина век. Покрај тоа последните анкети покажаа нови рекордно ниски нивоа на доверба на Францизите во претседателот Емануел Макрон и неговиот премиер Едуар Филип, од 23 односно 26 отсто.

„Владаа е подготвена на дијалог и тоа го покажува, бидејќи штотуку се откажа од зголемувањето на данокот во буџетот за 2019 годијна“, изјави во средата вечерта пред парламентот премиерот Филип.

Оваа отспакпа е најновиот обид да се запре најтешката криза во претседателстувањето на Макрон, по победата на изборите во пролетта 2017 одина, кој во вторникот обијави дека данокот ќе биде суспендиран на шест месеци.

Неговата влада претходно навести дека ќе размисли за повторно воведување на од „данокот на богатството“ кој Макрон го укина минатата година, по што во некои медиуми беше нарекуван „претседателот на богаташите“. Укинувањето на „данокот на богатството“ (ISF) за граѓаните во високи приходи беше клучниот дел од претседателската кампања на инвестицискиот банкар на Ротшилдови, наклонета на интересите на бизнисот. Се сметаше дека тој потег ќе ги поттикне бизнисмените да вложуваат во Франција. Критичарите, пак, го обвинија Макрон дека ги фаворизира богатите, истовременпо зголемувајќи ги даноците за пензионерите и другите граѓани, како и со носењето на законот кој на работодавачите им олеснува да вработуваат но и да отпуштаат.

Движењето без структура и стриктна организација „Жолти еклеци“, започна на 17-ти ноември како протест организиран на социјалните мрежи во коишто демонстрантите носат флоуросцентни жолти елеци, инаку задолжителен дел од опремата за секое возило во Франција, и протестираат против владиниот притисок врз домаќинствата со данокот на Макрон на горивата. Меѓутоа, во текот на изминатите три седмици протестите прераснаа во широки бунтови против Макрон сп некои насилни маргинални групи кои повикуваат претседателот да поднесе оставка, а повеќето го критикуваат за спроведвуање политики кои одат во полза на богатите, а со ништо не им помага на сиромашните.

Движењето „Жолти елеци“ израсна од фрустрациите на граѓаните од зголемувањето на давачките за горивата и во меѓувреме се прошири, носено од незадоволството пради зголемувањето на животните трошоци и перципираното пренабрегнување на проблемите од страна на Макрон со коишто се соочуваат руралните делови на Франција и малите градови. Така, повторното воведување на данокот на бигатството стана клучното барање на демонстрантите, со големување на минималната плата и откажувањето од зголемувањето на данокот на горивата.