Француски „Dassault“ на Грција ѝ го испорача својот прв борбен авион „Rafale“ во Европа

50

Францускиот производител на авиони „Dassault Aviation“ го испорача во средата својот прв борбен авион од моделот „Rafale“ на некоја држава во Европа, на Грција којашто нарача вкупно 18 вакви авиони од кои 12 ќе бидат веќе користени.

Шест месеци откако беше нарачан, првиот „Rafale“ е предатден на Грција во базата во Истр, на југот на Франција каде што се наоѓа испитувачкиот центар за летање.

Станува збор за авион кој веќе го користеле француските воздухопловните сили. Другите 17 борбени летала ќе бидат испорачувани до септември 2023 година, а вкупниот договор се проценува на 2,5 милијарди евра.

„Овој избор покажува дека е можна алтернатива за американските производи. И натаму предизвикот претставува во Европа да се продадат европски борбени авиони“, изјави извршниот директор на „Dassault Aviation“, Ерик Трипие и ги истакна „квалитетот на односите меѓу Франција и Грција“.

Грција стана првата европска земја која купи авиони од типот „Rafale“, а кон крајот на мај следеше и хрватската нарачка на 12 користени авиони.

На француските воздухопловни сили им се предадени 152 авиони „Rafale“, додека 114 се продадени во странство, наведуваат од „Dassault Aviation“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.