Француски кино-клуб започнува утре

Новата сезона на францускиот кино-клуб започнува во Кинотеката на Македонија во четврток во 20 часот.Во рамките на оваа редовна културна манифестација, ќе биде прикажан филмот „Брана на Пацификот“ (2009 год.), на повеќекратно наградуваниот режисер Рити Пан, со извонредната Изабел Ипер и Гаспар Илијел.

Се работи за драма, адаптација на истоимениот роман на француската писателка Маргерит Дирас, кој беше оценет како „одлична екранизација на книжевното дело на Дирас“ (Ле Нувел Обсерватер), или како „филм со мистична алхемија, која двочасовно го обвива гледачот“ (Ле Монд).