Француски куп: Анже изненаден од петтолигаш

Изненадувањето на колото во францускиот фудбалски куп го приреди петтолигашот Линас-Монлери кој со 2:0 го совлада високопласираниот прволигаш Анже, а двата погодока ги постигна Паскал Лено, во 10 и 24 минута.

Во 16-финалето од купот се пласираше Монако кој со 2:0 беше подобар на гостувањето кај второлигашот Ред Стар. И на овој меч имаше двоен стрелец, тоа беше Бен Једер во 33 и 65 минута.

Успешен беше и Олимпик Марсеј кој со 4:1 го совлада петтолигашот Кане-Рошвил. Гостите поведоа во 16 минута преку Мајк Кореа, но Марсеј во продолжението на натпреварот направи резултатски пресврт. Најдобр играч на мечот беше Аркадиуш Милик кој оствари „хет-трик“ со погодоците во 41 од пенал, во 58 и во 90 минута а погоди и Луис Енрике во 77 минута.

Монпелје со голот на Тежи Савание во 68 минута од пенал го елиминираше четвртолигашот Андрезју.