Француски новинари повредени во Нагорно Карабах во акција на азербејџанските сили

Новинари на парискиот дневен весник „Монд“ се повредени при воените дејствија на азербејџанските сили во градот Мартуни во Нагорно Карабах.

Како што објави координаторот на обединетиот ерменски информативен центар, Ованес Мовсисијан, двајца новинари биле повредени во нападот, а според првите податоци и двајцата се државјани на Франција.

Повредените се пренесени во градската болница.

Портпаролот на ерменското Министерство за надворешни работи, Ана Нагдалјан, соопшти дека околу двесте странски новинари од над 50 странски медиуми се акредитирани да известуваат за настаните во зоната на конфликтот во Нагорно Карабах.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.