Француски офицер осомничен за шпионажа во полза на Русија

Француската министерка за одбрана Флоранс Парли најави започнување истрага во однос на француски висок офицер кој е осомничен за предавање тајни документи на руските разузнавачки служби и за предаваство, пренесува во неделата радиото Europe 1.

Во извештајот се наведува дека станува збор за потполковник кој работел во воена база на НАТО во Италија. Офицерот, чиј идентитеt засега не се открива, бил уапсен од страна на припадниците на Генералниот директорат (управа) за внатрешна безбедност (DGSI) на Франција, кога се подготвувал да се врати во Италија по одморот минат во татковината. Во моментов тој е приведен во затворот Санте крај Париз, додава радиото.

„Можам да потврдам дека е покрената правна постапка против висок службеник во врска со нарушување на безбедноста“, изјави министерката Парли за Europe 1 без наведување дополнителни поединости.

Од НАТО и од државното обвинителство во Париз, кое го води случајот, засега останале без коментар за AFP.

Станува збор за последниот во низата случни случаи во Европа во последните месеци во кои воени лица се товарат за шпионажа во полза на Русија. Во средината на август, норвешката полициска безбедносна служба PTS соопшти дека уапсила 50-годишен маж кој е осомниечен за предавање државни тајни на „руски разузнавач“. Лицето е обвинето за обезбедување класифицирани информации за странска држава кои може да им наштетат на фундаменталните интереси на Норвешка, за што му се заканува казна од 15 години затвор. Во врска со овој случај Норвешка прогласи за персона нон-грата дипломат од руската амбасада во Осло, на што Москва идентично одговори.

Претходно ваков случај имаше и во односите меѓу Австрија и Русија, според Венецијанската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, која овозможува земјата домаќин без образложение да проглази за непожелна личност дипломатски персонал на странска држава. Во овој случај се работеше по пресудата од претходно годинава за пензиониран австриски воздухопловен офицер обвинет за предавање воени тајни на руски разузнавач во текот на повеќе децении.

Во јули годинава беше уапсен во САД офицерот Чарл Бригс, кој е осомничен дека во јануари минатата година од базата каде што служел во Небраска неодобрено добил пристап до „електронска пошта која содржела тајна информација“ која ја предал на лице со руско државјаносто, како и дека од претпоставените ги криел контактите кои во Србија ги имал со Русин и Италијанец.