Француски тинејџер со нож нападна вработени во училиште

Полицијата во Марсеј уапси 17-годишно момче коешто во петокот наутро со ноќ нападнало вработени во едно училиште и притоа ранило две жени.

Како што пренесува радиото Europe1, инцидентот се случил околуи 6,30 часот по локално време, или 7,30 по македонско, во близина на едно од марсејските училишта. Една од вработените во улиштето добила неколку убоди во стомакот, додека втората била повеќепати удрена со тупаници.

Жените, кои биле негувателки, се хоспитализирани, но не се во животна опасност. По инциденето, напаѓачот се дал во бегство, а притоа нападнал и случаен минувач за кој локалните медиуми пренсуваат дека најверојатно се обидел да интервенира.

Полицијата по неколку часа успеала да го приведе осомничениот за нападот врз вработени во училиштетот. Засега нема имформации за идентитетот на напаѓачот, ниту за неговите мотиви, а полицијата ја објави само неговата возраст, дека бил до половина гол и „видно вознемирен“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.