Француски Total вложува во руски терминали за LNG на Арктик и Далечниот исток

Француската енергетска компанија „Total“ најави планови за купување удели во проектите за градење терминали за течен природен гас (LNG), кои ги предводи најголемиот независни руски произведвувач на гас „Новатек“, пренесува порталот energymarketprice.com.

Обемот на годишното претоварување на идниот терминал во Мурманск ќе изнесува 20 милиони тони LNG, додека капацитетот на идниот јазол на Камчатка треба да биде 40 милиони тони LNG годишно.

Се очекува дека потполниот годишен производствен капацитет на заедничкиот проект на „Total“ и „Новатек“ ќе изнесува 19,8 милиони тони LNG годишно. Вкупните трошоци на проектот во моментов се проценуваат на 9 милијарди долари.

Двете компании континуирано соработуваат во областа на течниот гас. Француската е сопственик на 19,4 отсто од „Новатек“ и на 21,6 отсто од LNG проектот Јамал под водство на оваа руска компанија.

Претходно годинава двете компании постигнаа договор со кој на „Total“ му беше овоможено да стекне до 15 отсто од дирентниот интерес во сите компании кои се занимаваат со LNG и кои се под контрола на „Новатек“, на полуостровите Јамал и Гидан на рускиот Арктик.