Францускиот министер за култура позитивен на коронавирус

Францускиот министер за култура, Франк Риесте, е заразен со новиот коронавирус, објави неговиот кабинет и додава дека тој се чувствува добро и се наоѓа на домашна нега.

Риесте минатата седмица минал неколку дена во Националното собрание (парламентот) каде се потврдени неколку случаи на зараза со коронавирусот меѓу пратениците.

Кабинетот на премиерот наведе дека за „министрите важат истите правила, како и за сите Французи“. „И за владата важат првилата на претпазливост“, објави, пак, службата за односи со јавноста на министерот.

Риесте во парламентот зборуваше пред комисијата за куптура. По објавата на првите потврдени случаи на инфенција со коронавирусот, изјави дека во текот на викендот нема да учествува на предвидените настани.

Пет пратеници и двајца службеници на француското Национално собрание се заразени со коронавирусот, од кои двајца се пратеници кои учествувале во работата на парламентарната комисија за култура.

Францускиот министер за култура не е првиот заразен владин службеник во светот, меѓу позитивните беа и неколку високи ирански функционери.