Францускиот Парламент предлага закон за подобро надгледување на терористите кои излегуваат од затвор

Комисијата за закони при француското собрание  разгледува нацрт-закон за утврдување на безбедносни мерки за терористи, со цел да се понудат алатки способни да се спречи едноставно излегувања на десетици исламистички терористи од затворите. Од контингент на повеќе од 530 затворени лица, околу 100 треба да бидат ослободени во рок од две години, јави дописникот на МИА.

На крајот на февруари, двајца сенатори најавија донесување на нацрт-закон за зајакнување на набљудувањето и надзорот на овие поранешни затвореници.

-Предлагаме да се создаде нова мерка на судски надзор, за да се овозможи адаптираното следење, со тек на времето, на овие лица, потврди сенаторот од редовите на Републиканците, Марк-Филип Добрес, коавтор на нацрт-законот со Филип Бас .

Оваа среда, претседателот на комисијата за закони  при Националното собрание, Јаел Браун-Пиве, ќе достави исто така нацрт-закон. Текст кој воспоставува строги обврски за излегувањето на потенцијално опасен затвореник од затвор:

-Да одговора на поканата од судијата надлежен за извршување на казните, да има утврдено место на живеење, да добие овластување пред секоја промена на работното место или живеалиште, како и за какво било движење во странство. Потоа, обврска за периодично претставување пред властите, забрана за влегување во врска и појавување на одредени места, поставување под мобилен електронски надзор.

Ова може да трае, во некои кривични случаи, до дваесет години. Судиите ќе биде гарант, со правни лекови за овие мерки. Еден вид куќен притвор: не затвор по затвор, туку надгледувана слобода.

Во 2015 година, пратеникот на Републиканците Ерик Циоти, го бранеше нацрт-законот „со цел да се продолжи  задржувањето поради безбедност на лицата осудени за дела на тероризам“. Идејата беше да се стават најопасните лица во социо-медицинско-судски центар, како тешки психијатриски случаи, патологија, која е честа појава кај џихадистите. Но, парламентот тогаш не го следеше овој проект за „Францускиот Гвантанамо“.

Пред тоа, во 2008 година, Никола Саркози донесе закон со кој се дозволува задржување на криминалци осудени на најмалку петнаесет години затвор по нивното ослободување од затвор. Но, Уставниот совет го ограничи истиот.

Десницата сега сака да ја надмине оваа пречка. Новиот нацрт-закон на Циоти поддржува создавање на безбедносна казна со уставна реформи. Но овој предлог нема шанси да помине во овој мандат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.