Францускиот парламент со големо мнозинство го изгласа новиот нуклеарен план

Францускиот парламент со големо мнозинство во вторникот го изгласа владиниот план за нуклеарни вложувања, ден откако владата одвај го преживеа гласањето за доверба во врска со реформите на пензискиот систем.

Планот за нуклеарна обнова, чија клучна точка е планираното градење на шест нови нуклеарни реактори, е прифатен со 402 гласа „за“ и 130 глас „против“. Во понеделникот 278 пратеници го поддржаа барањето за изгласување недоверба на владата што го постави опозицијата, а недостасуваа само девет гласови од 287 потребните за соборување на владата на претседателот Емануел Макрон.

„По Сенатот (горниот дом) минатиот месец и долниот дом вечерва со големо мнозинство гласаше за нуклеарниот план… резултат на заедничката работа во борбата против климатските промени и гарантирњето на нашиот енергетски суверенитет“, напиша на Twitter француската премиерка Елизабет Борн.

Претседателот Макрон сака повторно да ја преземе иницијативата со новите реформи следните седмици, откако неговата влада за малку не беше соборена поради планот за пензиските реформи при што тој беше обвинет за автократија и диктатура поради непопуларното заобиколување на парламентот, што инаку му го овозможуваа никогаш претходно не употребени одредени прописи. Нуклеарната енергија е едно од прашањата околу коишто неговата центристичка партија Напред (En Marche) се согласува со опозициската конзервативна партија Републиканци (Les Républicains), како и крајно десната Народен собир (Rassemblement national).

„Нашата цел е Франција да стане држава којашто не создава емисии на јаглерод и суверена држава“, напиша на Twitter министерката за енергетика Ањес Пание-Рунаше и додаде дека тоа е првиот основ за „огромен проект на повторно покренување на нашата нуклеарна индустрија“.

Според неа, во процесот на градење на новите нуклеарни централи административните процедури не би требало да ги забават продолжувањето на векот на траење на постојните, ниту градењето на новите.

„Со овој проект ја започнуваме најголемата научна, индустриска и хуманистичка авантура којашто на нашата земја ѝ е позната уште од 1970-те години“, вели натаму Пание-Рунаше.

Претседателот Макрон има намера градењето нa првиот нуклеарен реактор од следната генерација „EPR2“ да започне пред крајот на неговиот втор петгодишен мандат во мај 2027 година, и тоа во рамките на планот во износ од 52 милијарди евра за градењето на шесто нови реактори.

Планот доаѓа откако Франција претрпе повеќемесечни застои во својот постоечки капацитет од 56 ректори, поради што производството на нуклеарна енергија на најниското ниво во последните 30 години. Првата генерација од „EPR 2“ реактори која се гради во Фламанвил, во западна Франција, со години доцни а потрошени се милијарди евра од државниот буџет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.