Францускиот Сенат ќе разгледува резолуција за признавање на Нагорно Карабах

Францускиот Сенат ќе разгледа резолуција во која парламентарците ги повикуваат властите на државата да ја признаат независноста на областа Нагорно Карабах, објави претседателот на републиканците во Сенатот, Бруно Ретајо.

„На 25 ноември, Сенатот ќе разгледа резолуција за признавање од страна на Франција на Република Арцах. Само неговата независност може со сигурност да ги гарантира правата и слободите на народот во Нагорно Карабах пред турскиот исламистички експанзионизам”, наведе сенаторот.

Резолуциите на францускиот Сенат се од советодавна природа и извршната власт може да ги земе предвид, но не е обврзана да ги почитува. Претходно, рускиот претседател Владимир Путин потсети дека „никој, па дури и Ерменија, не ја призна независноста на Карабах“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.